Министерството за култура објавува...

Министерството за култура објавува...

Врз основа на член 30 став 1 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија" бр. 31/1998, 49/2003, 82/2005, 24/2007, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/2012, 23/2013, 187/2013, 44/2014, 61/2015, 154/2015 и 39/2016), Министерството за култура распишува

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на директор на Националната установа
Археолошки музеј на Македонија - Скопје

I

Покрај општите услови утврдени во Законот за културата и тоа:

1 Државјанин на Република Македонија;
2. Во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3. Има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на високо образование утврдено со статутот на установата;
4. Има минимум пет години работно искуство во областа на културата;
5. Има еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

- ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (В2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, или
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода.

6. Има положено психолошки тест и тест за интегритет,

кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Статутот на установата:

1 Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен високо образование од областа на историја на уметност со археологија;

II

Кандидатите за избор на директор на установата треба да достават и своја Програма за работа и за развој на установата, како стратегија за наредниот четиригодишен период (20162020), во согласност со Законот за културата, како и следните документи (оригинал или заверен препис кај нотар):
- пријава со кратка биографија;
- доказ за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен високо образование од областа на историја на уметност со археологија;
- доказ за минимум пет години работно искуство во областа на културата
- уверение за државјанство;
- потврда дека нема забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);
- доказ за еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик, не постар од пет години:
ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода,
ИЕЛТС IELTS) - најмалку 6 бода,
ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (В2) ниво,
ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
или БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода.
- потврда за положен психолошки тест и
- потврда за положен тест за интегритет;

III

Огласот трае 8 дена од денот на објавувањето.
Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Министерството за култура преку пошта на адреса: ул. „Гуро Гаковиќ" бр. 61 - Скопје или во Архивата на Министерството за култура, најдоцна до 16, 30 часот последниот ден од огласот.
Материјалите доставени на огласот не се враќаат
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
За резултатите од огласот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.


IV

Министерството за култура, согласно член 31а од Законот за културата, со избраниот директор на националната установа по овој јавен оглас, ќе склучи менаџерски договор со кој ќе се регулираат правата и обврските на Министерството за култура и директорот. МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА