Ноќен шопинг во Скопје Сити Мол е секогаш добра идеја!

Ноќен шопинг во Скопје Сити Мол е секогаш добра идеја!

Дојде времето од годината кога цените се спуштаат, што е, сликовито кажано, вистински празник за сите „шопингхоличари“. Токму затоа Скопје сити мол традиционално им овозможува на своите потрошувачи групен ноќен шопинг со попусти и подароци, кои го прават ова место најголем агрегат на среќни и насмеани лица.


 
Во Скопје сити мол потрошувачите ги очекуваат над 150 продавници, 6 ресторани и кафе-барови, 690 м2 простор за забава за најмалите, како и многу атрактивни понуди за целото семејство, кои гарантираат врвно искуство во пазарувањето.
Шетајќи покрај 1,2 километри долгите излози, потрошувачите ќе уживаат во најдобрите летни понуди на некои од најдобрите локални и интернационални брендови.

Сите продавници в петок, на 1 јули ќе бидат отворени до 24 часот и ќе понудат попусти, подароци и бесплатни коктели за лојалните потрошувачи, кои ќе уживаат во пазарувањето со различни музички стилови изведени од нашите гаражни бендови и диџеи. Потрошувачите ќе можат во живо да ја следат продажбата и забавата и да се информираат за најдобрите зделки и парчиња облека директно од кабините за пробување.

Освен ова, викендот што следува, на 2 и 3 јули (сабота и недела), сите ќе можат да уживаат во истите попусти до 70%, во авантура низ омилените продавници и угостителски објекти, во стандардното работно време на Скопје сити мол.

Дополнително, на 1 јули за потрошувачите е организирана забавна игра Аукција со наддавање! Доволно е со фискалната сметка да се пријават на приземјето и да се борат за Samsung Galaxy 6, Samsung Galaxy ТАВ II, фрижидер, ТВ или машина за перење алишта, чија почетна цена е само 1 денар.

За повеќе информации за ноќниот шопинг, попустите и механизмот за учество во Аукцијата, посетете го следниот линк: http://skopjecitymall.mk/lns

Нема да негодуваме доколку оваа информација ја споделите и со вашите пријатели