Овогодинешни филмови кои беа најголемо разочарување

Овогодинешни филмови кои беа најголемо разочарување

Подготвил: Драгана Петрушевска

Кои се филмските катастрофи на годината? Многумина се согласуваат дека овие филмови се најголемо разочарување годинава.


13 Hours

Колку е мудро да се земе нешто што резултирало со бројни неуспеси и да се претвори во забава за масата? Ова прашање не си го поставил Мајкл Беј кога работел на акцијата за нападите на дипломатите од САД во Либија во 2012 година. Филмската критичарка Стефани Зачарек напишала дека би фрлила граната доколку имала до себе.



Dirty Grandpa

Оваа комедија за старец на летување не би предизвикала внимание доколку во него не играа Роберт де Ниро и Зек Ефрон. Сепак, филмот изобилува со расистички и хомофобни шеги.



Gods Of Egypt

Режисерот и студиото веќе се извиниле поради недостатокот на разновидност во филмот, но критичарите сметаат дека фактот дека во него играат само белци не може да се заборави.



The Brothers Grimsby

Политичка коректност во комедиите? Авторите на овој филм очигледно не знаат што е тоа. Дали вам ви е смешно тоа што во филмот Доналд Трамп добива сида? На многумина не им е. Освен навредливите шеги, во овој филм речиси нема нешто друго.



Batman v Superman: Dawn of Justice

Двата најголеми суперхерои во еден филм. Идејата ветуваше многу, но за жал не ги достигна очекувањата. Гледачите и критичарите се согласуваат во едно - овој филм е огромно, огромно разочарување.



The Boss

Мелиса Мекартни е многу талентирана комедијантка и токму затоа сме разочарани кога филмовите во кои глуми не го покажуваат нејзиниот талент. Ова е еден таков филм.



Nina

Биографскиот филм за Нина Симон не е само разочарување, туку според „Базфид“ - катастрофа. Дури и семејството на дивата сметала дека филмот се оддалечува од вистината.



Huntsman: Winter’s War

Доколку зборуваме за продолженија кои никој не сакал да ги погледне, тоа се филмови како овој. Кристен Стјуарт, која ја имала улогата на Снежана во филмот од 2012 изјавила дека е среќна што не играла и во продолжението.



Mother's Day

Лезбејски пар, меѓурасен пар, жена без деца ориентирана на кариера и уште цела низа ликови кои се прикажани толку површно што се' потсетува на карикатура.



X-Men: Apocalypse

„X-Men: Days Of future Past“ доби повеќе од добри критики, но неговото продолжение не успеа во тоа. Сепак, последното продолжение од трилогијата едноставно беше премногу. Премногу специјални ефекти и премногу стари и нови мутанти поради што страдаат важните ликови и целиот филм.