Постер од Црвен крст ја шокираше јавноста

Постер од Црвен крст ја шокираше јавноста

Подготвил: Драгана Петрушевска

Американскиот Црвен крст објави постер на кој се објаснува однесувањето на базен за децата, но на постерот имаше многу коментари.


Имено, на постерот се претставени деца од различни раси како уживаат во капењето. И додека сите бели деца се нацртани како деца кои се однесуваат пристојно и се означени како „кул“, афро-американските деца на постерот се означени како деца кои не се „кул“ бидејќи се однесуваат непристојно, трчаат и ги туркаат другите деца во водата.

Црвениот крст официјално се извини за грешката, но се чини дека за многумина тоа не е доволно.



Дискриминација на базените и плажите

„Американскиот Црвен крст се извинува поради можните недоразбирања. Нашата намера не била никого да навредиме. Како една од најстарите и најголеми хуманитарни организации посветени сме на различностите“, пишува во официјалното извинување.

Сепак, Ибони Розмонд, основач на здружението „Black kids swim“, смета дека службената изјава на организацијата не е доволна.

озмонд посочува за „The Washington post“ дека афро-американците долго се соочуваат со дискриминација на базените и плажите. Исто така, кажала дека сликата како оваа објавена од Црвениот крст може да ги обесхрабри младите афро-американци да пливаат во јавните базени.