Зошто не постои место за страв од вештачката интелигенција?

Зошто не постои место за страв од вештачката интелигенција?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Вештачката интелигенција ќе го преземе светот! Или барем така ни наговестуваат филмовите или истакнатиот експерт Илон Маск.

 

inteligencija


Според Џеф Хокинс и Дона Дубински сето тоа е измама. Во најновата епизода на „Recode Decode“, ко-основачите на „Numenta“ предвидуваат дека вештачката интелигенција навистина ќе ги води технолошките достигнувања, меѓутоа тие не се согласуваат со тоа дека интелигентните машини ќе се однесуваат онака како што е прикажано на филмовите.

„Постојат многу паметни луѓе, како на пример Илон Маск или Џеф Безос, Бил Гејтс или Стивен Хокинг кои сметаат дека сето тоа е опасно. Хокингс дури изјави: „Замислете да полудат и да го преземат светот“. Далеку сме од тоа, сето тоа е лудо. Моменталната технологија не е дури ни на пат кон вистинската интелигенција. И тоа нема да се случи“.

Дубински објаснува дека голем дел од она што го нарекуваме машинско учење не е учење во традиционална смисла. Компјутерите учат да препознаваат на пример слики од мачки со тоа што им се прикажуваат милиони фотографии за нешто што е веќе етикетирано како „мачка“.

Сепак, нивната компанија се обидува да развие вештачка интелигенција која размислува на начинот на кој размислува човекот.

„Ова е генерализиран пристап. Се работи за машина која учи. Кога ќе се роди вашето дете, во неговиот мозок нема ништо. Го учи она што треба да го учи“.

Хокинс вели дека компанијата специјално се обидува да го сврти делот од мозокот наречен неокортекс. Овој дел ни овозможува да научиме и да создадеме модел на светот врз основа на нашата средина и искуство. Компанијата воопшто не е заинтересирана за инженерство на 25% од мозокот кој ги контролира емоциите како лутината.

„Не еволуиравме за да решаваме математика, но нашиот мозок може да го направи тоа. Замислете да се создаде мозок кој е милион пати побрз од човечкиот, мозок кој никогаш не се уморува и е создаден да биде математичар. Тогаш би можеле да ги унапредиме математичките теории исклучително брзо. Оваа машина не сака да јаде, не сака да има секс, не е љубоморна затоа што јадете туна сендвич. Ова е нешто кое едвај го чекаме: машините кои се брилијантни и паметни“, вели Хокинс.

Дубински и Хокинс исто така дискутираат за нивната историја како претприемачки партнери уште од раните 90-ти, како и за најголемите предизвици со кои во моментот се соочува машинската интелигенција, и зошто не треба да се слушаат технолошките експерти кои постојано зборуваат за мобилните телефони.

„Навистина ми е смешно кога луѓето велат дека иднината се мобилните. Не, не. Мобилните телефони беа иднината пред 20 години“.