Како да го спречите Facebook да ве следи преку апликацијата?

Како да го спречите Facebook да ве следи преку апликацијата?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали некогаш сте ја погледнале опцијата „Предложени пријатели“ (Suggested friends) на „Facebook“ и сте забележале некои случајни луѓе кои изгледаат малку познато измешани со вашите вистински пријатели и познаници? Па, можеби сте се разминале со овие луѓе на улица.


Како овие луѓе се наоѓаат на вашиот екран? ЦНЕТ известува дека „Facebook“ ги користи податоците за локација од вашиот телефон за да ви ги најде пријателите.

„Често предложуваме луѓе кои можеби ги знаете врз основа на работи кои ви се заеднички, како заеднички пријатели, места што сте ги посетиле или град во кој живеете. Но, информациите за локација сами по себе не значат дека двајца луѓе може да бидат пријатели. Затоа локацијата е само еден од факторите кои ги користиме за да предложуваме луѓе кои можеби ги знаете“, велат од „Facebook“.

Сепак, звучи чудно да знаете дека социјалната мрежа ги следи вашите движења и ги користи тие податоци на ваков начин. Доколку сакате да го одбегнете ова, може да ја оневозможите опцијата во вашата апликација.

За уреди на „Android“

Одете во „Settings“, одберете „Apps“, па „Facebook“, а потоа одете во „Permissions“, а потоа исклучете ја локацијата со „off“ во „Location“.


За уреди на „Apple“

Фановите на „Apple“ кои сакаат да одбегнат несакано внимание на социјалните мрежи од странци во околината треба да ги следат следните чекори: Settings > Privacy > Location services > Facebook. Потоа притиснете „never“ во понудените опции за пристап на локација.


Секако, „Facebook“ не е единствена компанија меѓу технолошките компании која ги користи информациите од локацијата на телефонот. Повеќе социјални мрежи работат на ваков начин.

Изминатата година, „Wired“ извести дека „Google“ се обидува да најде начини за да ги насочи телевизиските реклами според локацијата на корисниците и историјата на гледање.