Оглас за вработување во Lyoness - Македонија

Оглас за вработување во Lyoness - Македонија

Lyoness е компанија која тековно е активна на 46 пазари низ целиот свет како глобална Куповна Заедница (Shopping Community) за потрошувачи во повеќе сектори и како Лојална Програма за Потрошувачи (Customer Loyalty Program) за Трговски Партнери на Lyoness низ целиот свет. 

За своите потреби објавува оглас за работна позиција 

РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР МАРКЕТИНГ 
(времено вработување) 

Работни задачи и одговорности:
Планирање на онлајн и офлајн маркетинг кампањи (припрема на брошури и флаери)
Договарање на промотивни понуди и попусти со Трговски Партнери
Континуирана детална проверка на страниците со детали на Трговските Партнери
Спроведување на интернационални и локални кампањи на социјални медиуми
Континуирано ажурирање на профилите со информативна, промотивна или едукативна содржина
Раководење со нови барања за Online Shops, нивна поддршка при целиот процес од апликација до активација
Градење на односи со постоечки и потенцијални клиенти

Потребни квалификации:
ВСС (Економски факултет, смер маркетинг)
Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
Одлично компјутерско познавање – Microsoft Office (Word, Excel и Outlook)
Искуство со SEO, SEM и социјални медиуми
Одлично познавање на Inxmail и .NET-CMS
Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен), познавање на германски јазик се смета за предност
Возачка дозвола – Б категорија

Личен профил:
Одлични комуникациски вештини (вербални и пишани)
Развиени организациски способности
Динамичност и иницијативност
Способност за самостојно работење и работа во тим

Доставете ја Вашата професионална биографија и мотивациско писмо, на следната e-mail адреса: office@lyoness.mk со назнака на апликацијата „за оглас за Раководител на сектор маркетинг’’

НАПОМЕНА:
Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнаки нема да бидат земени во предвид.