Избран е новиот претседател на СПУКМ... Студентски пленум не ги признава изборите

Избран е новиот претседател на СПУКМ... Студентски пленум не ги признава изборите



Давор Поповски со освоени 3.851 гласови од вкупно 5264 е новиот претседател на Студентскиот парламент на УКИМ. Неговиот противкандидат Стефан Василевски освоил 1.275 гласови. Тој е студент на ФИНКИ, а претходно бил претседател на Студентскиот парламент на ФИНКИ. Додека бил во СП ФИНКИ, парламентот имаше повеќе активности, како Информатијада, „Nasa Space Apps Challenge“, „Job fair“, Контакт итн. Прочитајте повеќе за Давор во неговото интервју за Факултети.мк

„Изборниот процес се одвиваше во фер и демократска атмосфера, каде што можност имаа студентите да го дадат својот глас и достојно да го изберат својот нов лидер. Во текот на изборот имаше тенденции за скандализирање на изборот од страна на Студентскиот пленум, кој е политички мотивиран, да направат упад во гласањето и да ги спречат студентите да го искажат своето демократско право на глас, што беше директен атак на слободата на студентското изразување. Ваквиот начин на однесување сметаме дека не доликува на академски граѓани и на студенти кои треба да бидат авангарда и носители на иднината на нашата држава. Политички мотивираните насилни однесувања се одлика на оние кое сакаат да го уништат студентското движење“ ова стои во соопштението до медиуми од СПУКМ.

Претставниците од Студентскиот пленум велат дека специјалната полиција ЕБР насилно ги исфрлила од пред СПУКМ додека мирно го чекале претседателот на Студентскиот парламент Кирил Спировски и претставниците кои се обиделе да ги однесат гласачките кутии во просториите. За нив како што велат, избраниот претседател нема да биде легитимен.

ВИДЕО: ПЛЕНУМЦИТЕ НАСИЛНО ИСФРЛЕНИ ОД СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ОД ПРЕД СПУКМ