Како Словенците се борат против Алцхајмеровата болест?

Како Словенците се борат против Алцхајмеровата болест?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Словенечките експерти тврдат дека со повеќе годишна селекција успеале да одгтледаат вид на кокошки кои несат јајца со висока концентрација на холин. Овие „лековити“ јајца наводно го забавуваат напредувањето на Алцхајмеровата болест и деменцијата.

 

петел


Анализата на Хемискиот институт во Љубљана потврди дека консумирањето на јајцата од кокошките од „шентјернејски вид“ им помагаат на заболените од Алцхајмер и пациентите со деменција.

„Јајцата од кокошките ги нарековме „холинчек“ бидејќи содржат многу холин. Ова е материја важна за функционирање на клетките, а го спречува и настанувањето на рана деменција и Алцхајмерова болест“, изјави Стане Брегар од здружението „Gallus Bartolomaeus“ кој промовира одгледување на кокошки од овој вид.

Интересно е тоа што овој вид всушност името го доби од петел, што е единствен случај во светот. Станува збор за „шенјернејски петел“ кој според некои податоци во областите околу градот Шентјернеј бил одгледуван уште од времето на античките Келти. Петелот исто така се наоѓа и на грбот на општината.

„Петелот кој популарно го нарекуваме бартоломејчек е важен фактор за извонредниот квалитет на нашите јајца“, тврди Брегар.

Научно е утврдено дека петелот, кој е поласен од останатите видови, одржува група од околу 15 кокошки, 50% повеќе отколку другите видови петли.

„Народски кажано, нашиот петел има повисоко либидо од останатите. За квалитетот на јајцата помага и тоа што нашите кокошки се наоѓаат во чиста пирода“, вели Брегар.

Словенечките медиуми тврдат дека се размислува и за основање на „банка на гени“ за генот на овој вид петел да се зачува за идните генерации.