Каков тип на работник сте?

Каков тип на работник сте?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Кои од следниве работници најмногу ве опишува?

- Марија има работа во болница. Таа ја смета нејзината работа за обврска и најмногу работи за платата за да го издржи семејството но и интересите надвор од работата. Доколку добие на лото, ќе поднесе оставка од работата. Таа честопати посакува времето да поминува побргу на работа и секој ден го очекува викендот. Таа не ги охрабрува останатите да работат.

- Јован има кариера во банкарскиот сектор. Тој ужива во оваа работа, но секогаш планира да се качи на скалата за подобри, поплатени работни места кои ќе му понудат поголем успех и престиж. За него некои работи се помалку интересни но тој знае дека тие се дел од процесот за унапредување и постигнување на неговите цели.

- Вокацијата на Сузана е во индустријата на услуги. Таа верува дека нејзината работа е дел од нејзиниот идентитет. За неа тоа ја исполнува, не само поради платата или наградите бидејќи тоа го претставува она што таа навистина е, ги покажува нејзините лични силни страни и таа верува дека нејзиниот труд придонесува во подобрувањето на светот. Таа ужива раскажувајќи им на другите за својата работа и повеќето од нејзините пријатели се од нејзиното работно место.


Која приказна од овие е најслична на вашата?

Психологот Ејми Врзесневски од „Јејл“ направила анкета со работници од повеќе професии и открила дека тие гледаат кон работата на еден од овие три начини - работа, кариера, желба. Ставот кон работата на анкетираните лица не зависел од професијата или платата.

Главниот фактор одговорен за ставот кон работата на индивидуалецот е значењето кое луѓето ѝ го даваат на работата. Некои работници се чувствуваат успешно и задоволно во својата работа, додека други се чувствуваат незадоволно и несреќно. Нема вистински или погрешен став кон работата, но Врзесневски открила дека луѓето кои ја опишуваат работата како желба и начин на живот се посреќни и позадоволни во животот и работата. Земајќи го предвид времето од животот кое се поминува на работа, важно е работата да е нешто што не' прави среќни.

Како да ја пронајдете работата за вас?


Откријте го ставот кон работата

Започнете со откривање на ставот кон моменталната работа. Така ќе започнете да размислувате за начини за промена на работното место за поголемо задоволство, промена на кариерата и слично.

Најдете значење и вредност во работата

Вредноста во работата може да има повеќе облици. Целта е да ѝ се даде значење на работата. За да го сторите тоа, набројте некои обврски кои се најзначајни според вас во работата и обидете се да помислите на начинот на кој вашата работа влијае позитивно на останатите.

Вашата работа нека биде и начин на живот

По посочувањето на аспектите од работата кои се вредни, променете ја дефиницијата на работата и наместо професија и кариера однесувајте се со неа како кон дел од животот. Како што го пишувате описот на работата обрнете внимание на луѓето добиваат од секоја ваша обврска, како секоја задача придонесува кон мисијата на организацијата и како секоја обврска придонесува кон вашите лични цели.