Какво време да очекуваме во првите денови од месец Јули?

Какво време да очекуваме во првите денови од месец Јули?



Денес е петок, 1 јули 2016 година, 183-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:57, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 17 минути.

Претежно сончево и топло утро во Македонија. Само во југоисточните предели имаме зголемена облачност.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните и вечерните часови развој на нестабилна облачност која ќе донесе врнежи од дожд и грмотевици. Врнежите ќе изостанат во крајните западни и југозападни предели како и во регионите на Штип, Свети Николе и Куманово. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 10 до 20 степени, а максималните температури до 26 до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, во попладневните и вечерните часови нестабилно со услови за врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна до 35 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Идентично време и на територијата на цела Македонија. Во сабота и недела претежно сончево со локална облачност, во попладневните часови во северозападните, западните и југозападните предели како и во крајните североисточни и југоисточни предели со услови за врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 25 до 36 односно од 26 до 37 степени. Во понеделник и вторник стабилно време, ќе биде претежно сончево со дневни температури од 24 до 35 односно од 25 до 36 степени.

weather4all.com.mk/a>