Македонците ќе може да студираат моден бизнис и менаџмент и во земјава

Македонците ќе може да студираат моден бизнис и менаџмент и во земјава

Модната индустрија е една од најразвиените и најпрофитабилни индустриски гранки во светски размери. Таа е лидер во делот на вработувањата и нуди неограничени можности за личен развој и напредок од многу аспекти: креативни, финансиски, кариерни итн.


Модната индустрија и во Р. Македонија е од исклучително значење според оствареното учество во вработувањето и извозот, но според многу индикатори македонската текстилна индустрија,особено производството на облека го има надминато стадиумот на проблеми со производство, а се повеќе се соочува со пазарни проблеми. Затоа е многу важно текстилните компании да го прифатат маркетингот како основна концепција во креирањето на својата деловна и развојна политика.

Современите пазарни услови налагаат, при избор на стратегијата покрај желбите и потребите на потрошувачите да се имаат во предвид и намерите и пазарната позиција на конкурентите. Решението се наведува во кадровското зајакнување на непроизводствениот сектор во деловните субјекти кои би работеле на развојот на индустриската услужна економија.

Тука станува збор за вискообразована работна сила од областа на менаџмент,маркетинг,дистрибуција,е-бизнис, менаџирање на квалитет, менаџирање на производство, дизајн, итн. Бизнис Академија Смилевски ја лоциираа оваа проблематика и од оваа студиска година воведоа нова програма за маркетинг менаџмент, односно моден бизнис и менаџмент. Свеста и имплементацијата на европските и светски стандарди и трендови за успешен моден бизнис.

Во сите анализи, препораки и стратегии кои се направени за македонската текстилна индустрија, на образованието се гледа како на една од клучните точки за развој на текстилната индустрија. Освен освртот на средното образование се вели дека евидентиран е дефицит на вискообразована работна сила од гореспоменатите профили кои пак се спомнуваат како еден од најважните сегменти. Препораката е тоа да се надмине или со поттикнување на студенти да се запишуваат на веќе постоечките високообразовни институции или да се отворат нови насоки кои ќе ги задоволат потребите на текстилната индустрија.



Профилот на модулот по моден дизајн и кадарот кој би се обучувал на овој смер се дефицитарни,а според претходно направената анализа и истражување се потребни,како за развојот на модната индустрија во Р. Македонија, така и за приближување и конкурентно еволуирање кон европските и светски стандарди.

Програмата по моден бизнис и менаџмент е направена според програмите на светски познатите колеџи од Европа и светот,а е прилагодена на потребите на македонската текстилна индустрија со поглед кон пазарите и индустриите во регионот и пошироко. Опфаќа предмети како историја и култура на модата, моден бренд, моден ПР, индустриска пракса, основи и теорија на моден дизајн, социјални и психолошки аспекти на модата и секако предмети од стандардната бизнис програма на БАС, со други зборови ќе се изучува модата низ призмата на бизнисот,менаџментот и маркетингот.

Бизнис Академија Смилевски е единствена образовна институција со ваков изборен модул. Многу е важно да се спомене дека во последно време расте трендот на отворање катедри кои образоваат модни дизајнери, но Бизнис Академијата Смилевски со визионерски чекор реши да истапи понапред од толпата и да понуди решение кое ќе донесе развој како на текстилната индустрија така и на македонската модна сцена,образовајќи менаџери од областа на модниот дизајн и правејќи ја конкурентна не само во регионални,континентални рамки туку и во светски. Веруваме дека после некоја година ќе ги имаме првите дипломирани професионалци кои ќе бидат спремни да работата на растот на една од најразвиените индустриски гранки кај нас.