ВИДЕО: Пленумците насилно исфрлени од специјалците од пред СПУКМ

ВИДЕО: Пленумците насилно исфрлени од специјалците од пред СПУКМ

1 

 

Претставниците од Студентскиот пленум велат дека специјалната полиција ЕБР насилно ги исфрлила од пред СПУКМ додека мирно го чекале претседателот на Студентскиот парламент Кирил Спировски и претставниците кои се обиделе да ги однесат гласачките кутии во просториите.


Тензична е ситуацијата пред СПУКИМ, каде полицијата присилно ги отстранува студентите кои беа дел од блокадата. Студентите ги пречекаа полицајците со скандирање „Срамота“ и „Стоп за полициската бруталност“.

Ситуацијата ескалираше после тензичниот ден откако студентските избори поминаа со низа нерегуларности и технички недостатоци. Од Студентскиот пленум постојано бурно реагираат дека идниот претседател на СПУКМ повторно нема да биде легитимен.



Изборите за нов студентски претседател се одржаа денес во просториите на УКИМ, а пленумците кои најавија блокада на изборите, објавија и видео снимка на која гласачките кутии се носеа во просториите на СПУКИМ.