Зошто машките и женските кошули се закопчуваат различно?

Зошто машките и женските кошули се закопчуваат различно?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Копчињата на машките и женските кошули се наоѓаат на спротивни страни па затоа кошулите различно се закопчуваат и тоа го знае секој од нас. Но, зошто е тоа така?

 

кошула


Постојат пет теории кои се обидуваат да дадат објаснување на оваа мистерија, па на вас останува да изберете која најмногу е за верување.

Жените од високите социјални класи не се облекувале сами


Ова е еден од најчесто споменуваните причини зошто женските кошули се закопчуваат на левата страна. Нивните слугинки најчесто работеле со десна рака па им било полесно да ги закопчаат кошулите и блузите на богатите дами. Сепак, постојат некои нејасни работи во врска со оваа теорија, бидејќи во 17 и 18 век и мажите биле облекувани од слуки. Понатаму, копчињата на женската облека биле ретки се' до 18-от век, а на левата страна започнале да се ставаат после 1860 година.

„Обичните“ жени го копирале стилот на облекување на богатите

Откако припадничките на високите класи започнале да се облекуваат сами, копчињата останале на левата страна за „обичните“ жени да можат да го копираат стилот на облекување на богатите. Во минатото копчињата биле доста скапи.

Доење

Повеќето луѓе се десничари и жените обично своите бебиња ги држат со левата рака, па една теорија вели дека ставањето копчиња на левата страна им го олеснува доењет, бидејќи на тој начин полесно им е да ја откопчаат кошулата и да дојат со слободна рака.

Јавање

Со оглед на тоа што жените во минатото јавале коњи седејќи од страна свретни на десно, закопчувањето на кошулата од лева страна го намалувало влегувањето на воздухот, односно дувањето низ кошулата.

Наполеон


Постои приказна која раскажува дека жените ја исмејувале позата на Наполеон до раката во елекот (што тогаш било знак за достоинство) поради што францускиот император наредил сите женски кошули да се произведуваат со копчињата на лева страна, односно на спротивна страна од машките кошули за тие повеќе да не го исмејуваат.