Паметни фрази кои ќе ви помогнат да бидете успешни

Паметни фрази кои ќе ви помогнат да бидете успешни

Подготвил: Тамара Гроздановски

Вмрежувањето е одлична можност да остварите вредни контакти, и лично и професионално. Но многу луѓе се под стрес поради притисокот кој го чувствуваат обидувајќи се да се поврзат за брзо време и да остават добар впечаток кај непознатите.

 

фрази


Ова е дефинитивно ситуација која може да предизвика многу несигурности, меѓутоа ако се подготвите добро, нема простор за паника. Во продолжение ви нудиме неколку вежби за опуштање и запознавање.

1. Здраво, моето име е...

Започнете со основата. Пуштете ја раката, насмевнете се, направете контакт со очите и претставете се себеси. На тој начин и другата личност ќе го каже своето име и со тоа имате одличен почеток.

2. Што работите?


Луѓето обожаваат да зборуваат за себеси, па доколку им го поставите ова прашање, тие можат да зборуваат со часови.

3. Во кој бизнис сте инволвирани?

Малку поинаква верзија на „Што работите?“ И двете се одлични, меѓутоа зависи ситуацијата и лицето со кое зборувате. Можете да ги искористите и двете. Ако зборувате со сметководител, прашајте: „Дали работите за сметководствена фирма или работите за бизнис во различна индустрија?“

4. Што ви се допаѓа кај вашата работа?


Отворените прашања како ова се одлични бидејќи не можат да бидат одговорени во неколку зборови. Тоа ја засилува позитивноста и комуницира интерес за нивната работа.

5. Како започнавте да се занимавате со оваа работа?

Можете да дознаете многу за една личност ако слушнете дури и мал дел за нивното патување. И кога луѓето ќе започнат да ја раскажуваат нивната приказна, работите стануваат интересни.

6. Ја обожавам вашата професија


Ако зборувате со некоја позната личност, изразувањето на восхит за нивната работа може да биде одличен почеток. Од тука, можете да ротирате во нешто поотворено како на пример: „Слушам дека сте зборувале за вашиот нов проект на минатогодишната конференција - како оди со тоа?“

7. Каков совет би ѝ дале на една личност која започнува во вашата индустрија?

Со индустриски ветеран или постара личност, ваквото прашање може да ви овозможи вреден увид. Исто така може да прашате како индустријата се променила низ нивната кариера.