Филмот кој ќе го промени начинот на кој го доживувате аутизмот

Филмот кој ќе го промени начинот на кој го доживувате аутизмот

Подготвил: Тамара Гроздановски

На 3 годишна возраст, на Овен Сускајнд му бил дијагностициран аутизам. Тој престанал да зборува. За неговите родители, Рон и Корнелија Сускајнд, се чинело како да е киднапирани. Три години после поставувањето на дијагнозата, нивниот син бил изгубен за нив.

 

аутизам


Но, после една година, Овен започнал да зборува. Додека го гледал цртанот „The Little Mermaid“, тој рекол: „Само твојот глас“. Ариел го изгубила гласот исто како Овен. И тоа било доволно за Рон и Корнелија да сфатат дека нивниот син го разбирал светот преку Дизни филмовите. Преку овие филмови, тие можеле да комуницираат и да се поврзат со него, повлекувајќи паралели помеѓу вистинскиот живот и едноставните содржини на анимираните класици. Дизни поставил примери за социјални знаци, разговори и изрази кои Овен со нетрпение ги следел. Рон и Корнелија си го вратија нивниот син назад.

Во 2014 година, добитникот на Пулицерова награда Рон Сускајнд ја објави книгата наречена „Life, Animated“ во која пишува за подигнување на „поинаку способно“ дете. Сега книгата е претворена во филм кој предизвика одлични коментари меѓу критичарите.

„Life, Animated“ е одлична приказна. Прекрасна во темата со одлична нарација, илустрации, домашни видеа, Дизни клипови и секојдневни сцени споени заедно во содржина која истовремено е смешна, тажна и трогателна.