Паметни телефони со најиздржлива батерија

Паметни телефони со најиздржлива батерија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Корисниците на мобилни телефони сакаат нивниот телефон да биде што потенок и полесен па произведувачите штедат и на батерии бидејќи батеријата со многу милиамперсати значи и поголема тежина на телефонот.

 

pametni


Повеќето телефони со пристојно користење би можеле да издржат цел ден, но ако постојано висите на Фејсбук, Инстаграм или играте игри тогаш батеријата нема да издржи цел ден.

Ако сакате таков мобилен телефон, тогаш одлучете се за некој од овие.

Samsung Galaxy S7 Active

 

1


И не само Active туку и обичните S7 и S7 Edge. Samsung достигнаа далеку кога станува збор за оптимизацијата на внатрешните процесори за животот на батеријата да биде што подолг. Active би можел да преживее дури три дена без полнење ако не го „будите“ на секои две минути.

OnePlus 3

 

2


Цената на телефонот е 399 долари, но произведувачите не штеделе на ниту еден детал - па така ни на батеријата. Овој телефон издржува преку 14 часа со едно полнење, но тоа не е толку импресивно колку OnePlus Dash технологија за полнење благодарение на која телефонот се полни брзо и без загревање.

Xiaomi Mi 5

 

3


Иако телефонот е достапен само во Кина и Индија, постои начин да го пронајдете. И немојте да дозволите да ве спречи стереотипот дека на Кинезите не им се верува бидејќи истиот став го имаа луѓето кон Huawei кој сега буквално растура. Xiaomi Mi 5 е врвен уред со 16 мегапиксели камера, 5.15 инчен екран и батерија која трае 14 часа.

Huawei Mate 8

 

4


Овој телефон може да врти видео цели 15 часа благодарение на неговата огромна батерија од 4.000 mAh. Уредот е врвен, а чини 650 долари.

Samsung Galaxy J3

 

5


Ако сакате познати име, а немате доволно пари за S7, тогаш овој телефон е и повеќе од пристоен кој нема да се исклучи после напорни игри, а баеријата може да издржи 15 часа и 40 минути. Најдобро од се'? Со оглед на тоа што ова не е телефон кој мора да биде дизајниран како ремек дело, може да се замени батеријата.