Како можат учителите да им помогнат на мирните деца да се издвојат?

Како можат учителите да им помогнат на мирните деца да се издвојат?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Кога Лили Шам била малечка, таа имала страв да зборува на час. Не е бидејќи нема ништо интересно да каже или бидејќи не го знае одговорот. Таа е едноставно тивка. На секоја родителска, секогаш една иста реченица се вртеше.


„Лили треба повеќе да збори. Таа е претивка“ - вели директорката на училиштето во Менхетен.

Поради тоа, таа им се придружи на останати 60 учители во Њујорк во Институтот за време на мирно лето. Оваа професионална развиена работилница е базирана на бестселерот на Сузан Кејн - „Тишина“. Моќ на повлечените во еден збор кој не можат да го изговорат.

„Тоа беше леќата низ кој можев да го видам сиот мој живот, и ја чувствувам дозволата да бидам јас“ - вели Касевич, учител со 20 годишно искуство кој сега работи како промотер на книгата.

Оваа тренинг работилница ја користи книгата за да им помогне и служи на учителите да ги натераат тивките деца да бидат поистакнати. Иако е несовесно, учителите им посветуваат повеќе внимание на погласните деца. Касевич признава дека и таа е една од нив.

Дводневниот курс започнува со замислување на учеството на сите ученици, што во некои училишта претставува голем дел од завршната оценка. Постојат повеќе начини да се биде активен на час, како на пример цртање, или пишување и работење во парови.

Според Касевич, учениците треба да се движат наоколу низ училницата и да ги запишуваат идеите на листови хартија кои ќе бидат закачени наоколу. Тие можат да си возвратат на идеите на соучениците - на некој начин дијалог без зборување. На една од сесиите, една директорка има изјавено дека фокусирањетона повлечените ученици може да значи контрола на поотворените ученици.

Со срамежливите деца не е само недоволно посветено време на нив. Учителите треба да размислуваат зошто тие се тивки. Некои можеби се срамежливи заради нивниот карактер, но исто така има деца кои се тивки бидејќи биле исклучени од правото на збор. Исклучувањето може да се случи од разни причини. Стереотипи, проблеми дома...  

За да разбереме како да им пристапиме на повлечените, учителите треба да работаа со нив за да ги решат тие проблеми. Бидејќи доколку тоа не се исполни, може да испуштиме доста брилијантни идеи бидејќи често овие деца се најкреативни.