Времето денес и прогноза за викендот што следува

Времето денес и прогноза за викендот што следува

Денес е четврток, 7 јули 2016 година, 189-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:01, а ќе зајде во 20:13 часот. Денот ќе трае 15 часа и 11 минути.

САТЕЛИТСКА СЛИКА - По синокешното освежување и врнежите од дожд кои ги имавме ова утро во поголем дел од Македонија имаме умерено облачно време, а во делови од западните и источните предели имаме претежно сончево време со локална облачност. Оваа облачност во наредните часови ќе се намалува.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во претпладневните часови претежно сончево со локална облачност, попладне разведрување и ќе имаме претежно сончево, ветровито и посвежо време. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 45 км/ч. Утринските температури од 13 до 22 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 22 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови умерено облачно, а веќе во попладневните часови намалување на облачноста и ќе имаме претежно сончево време со локална облачност, а попладне сончево, ветровито и посвежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната до 30 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок што ќе условува сончево и топло време. Во петок и сабота по свежото утро со утрински температури од 8 до 17 степени, во текот на денот сончево и топло со температури од 24 до 35 степени во сабота, односно од 27 до 37 степени во недела. Сончево и топло време се очекува и во вториот ден од викендот како и првиот работен ден од наредната недела. Во недела максималните температури од 28 до 38 степени, а во понеделник од 27 до 37 степени.

Weather4all.com.mk