Здравствениот проблем поопасен од пушењето кој сите го игнорираме

Здравствениот проблем поопасен од пушењето кој сите го игнорираме

Подготвил: Драгана Петрушевска

Веројатно сте искусиле осаменост некогаш: по завршување на љубовна врска, кога се преселувате или друго. Дали знаевте дека ова може да има сериозни ризици?


Истражувачите потврдиле дека осаменоста може да има последици еднакви на последиците од дијабетесот или пушењето 15 цигари дневно.

„Мора да започнеме да зборуваме за нашите социјални врски посериосно. Ефектот на осаменоста се споредува со дебелината, нешто што јавното здравство го зема сериозно,“ вели Џулиан Холт-Лунстад, автор на истражувањето.

Светот се наоѓа во невидлива епидемија на осаменост со 60 милиони погодени само во САД. Бројот на возрасни кои искусиле осаменост се зголемил двојно од 1980-те, од 20% на 40%. Осаменоста е особено изразена помеѓу одредени групи луѓе, како мигрантите, постарите, хендикепираните и оние во сиромашни семејства. Исто така, осаменоста е проширена и во големите градови.

Некои од здравствените ризици поврзани со осаменоста се воспалението, проблемите со срцето, деменцијата, зголемената тежина, предвремената смрт итн.

Зошто луѓето се осамени?

Можно е луѓето да искусуваат повисоко ниво на осаменост бидејќи бројот на луѓе кои живеат сами се зголемува со децении.

Друг ефект може да биде и оној од социјалните мрежи. Времето поминато на социјалните мрежи влијае на задоволството на корисниците од сопствениот живот, пишува во истражувањето.