Местото каде што се одржа тајната средба помеѓу Америка и Северна Кореја

Местото каде што се одржа тајната средба помеѓу Америка и Северна Кореја

Подготвил: Тамара Гроздановски

Северна Кореја и Америка се лути непријатели. Но, дури и непријателите треба да разговараат едни со други од време на време. А кое е подобро место за ваков разговор ако не прекрасниот шведски замок од 17-от век?

 

1


Во јуни, Ким Јонг-Ун и Барак Обама ги испратиле своите претставници на таен разговор кој се одржал во Стенинге палатата во Сигтуна, место кое се наоѓа на околу еден час оддалеченост од Стокхолм.

Средбата била договорена од Сипри, Меѓународниот институт за мировни истражувања од Стокхолм; таа била чувана во тајност од медиумите.

Според извештаите во јужно-корејските медиуми, Северна Кореја го испратила Хан Сонг-риол, генерален директор на одделот на Министерството за надворешни работи на Америка во Северна Кореја, додека Америка го испратила поранешниот државен потсекретар за политички прашања и поранешен амбасадор во Русија, Израел и ОН.

 

2


Америка и Северна Кореја немаат дипломатски односи, а Шведска делува како заштитна моќ на интересите на Америка во Северна Кореја.

Шведска има амбасада во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг и и претходно има одржано разговори помеѓу херметичкото кралство и други земји. Во 2014 година Шведска беше домаќин на претставници од Јапонија и Северна Кореја за разговори за јапонските државјани кои биле киднапирани.

Шведскиот дневен весник „Dagens Industri“ имал можност да разговара со Пер Таубе, сопственик на Стенинге палатата. Тој ја потврдил средбата меѓу Северна Кореја и Америка во јуни, меѓутоа вели дека бил вклучен само како домаќин на првата и последната вечер.

„Станува збор за неофицијална средба на високо ниво меѓу Северна Кореја и Америка. Тие беа задоволни, меѓутоа за овие работи потребно е време“, изјавил за дневниот весник.

Не постојат извештаи за кои теми ги дискутирале делегациите. Односите меѓу двете земји се влошени особено поради фактот што Северна Кореја постојано се заканува дека ќе ја нападне Америка со нуклеарни напади.

 

3


Свен-Олоф Персон, директор на Спири, одбива да коментира за средбата, тврдејќи дека со било каков коментар ќе се наштети кредибилитетот на организацијата.

Стенинге палатата е барокна палата изградена во последната деценија на 17-от век. Палатата била завршена во 1705 година. Пер Таубе го купил замокот во 2008 година за околу 15 милиони долари. Замокот има повеќе од 200.000 посетители годишно и е опишан како еден од најелегантните примери за барокни палати во Шведска.