Телескоп Хабл направи неверојатна фотографија на Краб Небула

Телескоп Хабл направи неверојатна фотографија на Краб Небула

Подготвил: Тамара Гроздановски

Новата фотографија на Хабл ја открива блескавата супернова, каде супер-густата неутронска ѕвезда се врти опкружена со јонизирани гасови со брзина речиси колку брзината на светлината.

 

супернова


Астрономите патуваа длабоко во Краб Небула, познатиот остаток од експлозија на ѕвездата која ги воодушеви кинеските астрономи во 11-от век.

Кога експлозијата се случила, 6.500 светлосни години во соѕвездието Бик, таа предизвикала новата светла ѕвезда да се појави на ноќното небо на Земјата. Катко време ѕвездата беше најсветлиот објект на небото, после месечината.

Кинеските и јапонските астрономи го снимиле настанот во 1054 години осле новата ера и биле сведоци како ѕвездата постепено избледнувала, со што станала невидлива за голо око во текот на неколку години.

Денес облакот од гас е познат како Краб Небула претставува еден од најпрепознатливите астрономски објекти.

Неутронските ѕвезди имаат маса иста колку онаа на Сонцето. Тие обично се вртат со голема брзина. Онаа во центарот на Краб Небула се врти 30 пати во секунда, предизвикувајќи и поттикнувајќи гас околу неа.