Тест за данско државјанство кој не можат да го решат ниту Данците

Тест за данско државјанство кој не можат да го решат ниту Данците

Подготвил: Тамара Гроздановски

Кој дански ресторан добил трета Мишелин ѕвезда во февруари 2016 година? Колку општини има во Данска? Во кое соѕвездие данскиот астроном од 16-ти век Тихо Брахе открил нова ѕвезда?

 

данска


Овие прашања и слични на нив се дел од новиот тест за данско државјанство кој е толку тежок што повеќе од две третини од кандидатите кои го полагале за прв пат во јуни, не успеале - потврдува Министерството за интеграција.

Централно-десничарската влада на данскиот премиер Ларс Локе Расмусен, кој ги заострил правилата за имиграција, не ја крие целта на новиот тест: да биде значително потешко да се стане Данец, како што Европа се бори да се справи со бегалската криза.

Но, критичарите на тестот (кој има 40 прашања кои покриваат теми како данскиот филм, функционирањето на локалната власт и се разбира Викинзите) велат дека тестот е премногу тежок и дека многу Данци не би можеле да го положат.

Едно данско радио неодамна го праша актерот Мортен Грунвалд прашање од тестот: Кога беше премиерата на првиот филм за Олсен Ганг, измислен криминален синдикат? Г-динот Грунвалд, ѕвездата од филмот одговорил: „Ова прашање не можам ни сам да го одговорам“. Неговата меморија стана појасна кога доби избор: 1968, 1970 или 1971 (точниот одговор е 1968 година).

Јакоб Нилсен, уредник на онлајн изданието на „Politiken“, влијателен левоориентиран весник вели дека приближноста на годините дадени во некои прашања се намерно дадени за да ги збунат кандидатите. На пример, едно прашање прашува дали животниот век на данскиот композитор Карл Нилсе бил во 1865 година до 1931 година, 1870 до 1940 година или 1892-1965 година? (Првиот одговор е точен).

Тој вели дека кога „Politiken“ го поставил тестот онлајн, многу читатели не успеале да го положат. „Не постои сомневање дека тестот има за цел да ги обесхрабри имигрантите кои доаѓаат тука. Некои од овие прашања се смешни, дури ни самите Данци не би можеле да ги одговорат“.

Тој сепак додава дека кандидатите имале бесплатен материјал според кој можеле да се подготват, а во кој била опфатена содржината од тестот.

Ингер Стојберг, министерката за интеграција потврдила дека 68.8% од 2.400 луѓе кои го направиле тестот во јуни паднале. Но таа беше категорична во врска со тоа колку тестот е тежок, потенцирајќи дека да се биде Данец е доста посебно и дека државјанството е нешто што треба да се заработи.

„Голем дел од кандидатите не се подготвиле правилно“, вели тој.

Новиот тест доаѓа откако данската влада постави построги правила за имиграција, вклучувајќи и воведување на закон кој бара од неодамна пристигнатите бегалци да ги предадат нивните вредни работи како златото и накитот за да помогнат во трошоците околу нив.

Тестот е заменета верзија воведена од претходната централно-левичарска влада во 2014 година, а критичарите како г-дин Нилсен вели дека е несомнено потежок. Кандидатите сега мора да имаат 80% од одговорите точни за да положат, за разлика од претходните 73%.

Дури и без тест за државјанство, условите кои треба да бидат исполнети за данско државјанство се екстремно тешки и вклучуваат полагање на устен и писмен испит на дански, тежок јазик со изобилство на звуци на самогласки за кои лингвистите велат дека е тешко да се научат. Апликантите исто така треба да можат да покажат дека биле финансиски моќни во изминативе четири и пол години.

Во Данска, како и повеќето европски земји, екстремно десничарската популистичка партија апелира до гласачите, предупредувајќи на опасностите од имиграцијата. Данската народна партија е централен поборник за построг тест за државјанство.

Со дарежливиот социјален систем, силна традиција на рамноправност и скандинавски квалитет на животот, Данска е атрактивна земја за многу странци. Земјата неодамна беше рангирана како една од најсреќните по трет пат од 2013 година.

Што се однесува до прашањата на почеток: Гераниум во Копенахген беше ресторанот кој доби три ѕвезди; постојат 98 општини, а соѕвездието е Касиопеја.