Како изгледаше одморот во поранешна Југославија?

Како изгледаше одморот во поранешна Југославија?

Подготвил: Драгана Петрушевска


Одмор во поранешна Југославија. Како и за се' поврзано со поранешната Југославија, така и за одморот порано се зборува како за „рај“. Тоа било време кога луѓето живееле во раскош барем една недела во текот на неделата.

Странските дестинации можеби тогаш биле недостижни за луѓето, но домашните дестинации тогаш се споредувале со Кан, Сен Тропе, Монте Карло итн. За време на летните празници, младите патувале на младински работни акции, а државата ги испраќала децата од сиромашни семејства на море. Храната се носела во алуминиумска фолија и се заминувало на море кон некое од работничките одморалишта.

Што се однесува до модата, било едноставно, тука бил Адидас со класичните модели. Постарите носеле еспадрили. Се носеле старите добри костими за капење наместо денешните модерни. Се правеле разгледници наместо слики за Фејсбук. Се јадел сладолед на плажа или се пиел сок. Додека децата играле, родителите лежеле на душек намачкани со крем за сончање, слушале музика на Вокмен или читале списанија или стрипови.