Оглас за платена практична настава во Олимпиа Моторс

Оглас за платена практична настава во Олимпиа Моторс

Олимпиа Моторс Доо - Скопје овластен дистрибутер и сервисер за возилата од гамата Opel и Chevrolet објавува оглас за платена практична настава во Олимпиа Моторс во времетрање од три месеци за следните позиции:
alimpia-motors
Практична настава на студент од профилот машинец – моторни возила. Практикантот за време на практичната настава ќе биде дел од сервисниот тим и ќе биде ангажиран во тој сектор. Во текот на истата практикантот ќе се стекне со следните вештини и знаења: директно учество во работењето во сервис и приемното оделение, прием и предавање на возила, изучување на процедурата во постпродажба, стекнување на комуникациски вештини – директни со клиенти и телефонски, стекнување на работна навика. Сите заинтересирани е потребно да ги достават своите CV-а најдоцна до 20.07.2016 год. на: vrabotuvanje@olympiamotors.com.mk со назнака: Практикант сервис.

 

Практикант за сектор Продажба и Грижа за клиенти. Практикантот ќе бидe ангажирана во директна комуникација со клиенти, телефонски опслужувања и контактирање со корисници, подготовка на понуди, учество во промотивни активности, ажурирање на страна на Facebook, изготвување на newsletters и слично. Во текот на истата практикантот ќе се запознаe со процедурата за Продажба, како и со целокупното работење на секторот. Сите заинтересирани е потребно да ги достават своите CV-а најдоцна до 20.07.2016 год. на: vrabotuvanje@olympiamotors.com.mk со назнака: Практикант продажба.