Како да не плаќате казна за сообраќаен прекршок?

Како да не плаќате казна за сообраќаен прекршок?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Веб страната „DoNotPay“ е нов хит на интернет и тоа со причина. Имено, на ова место можете да избегнете плаќање на сообраќајните казни.

 

паркинг


Идејата за услугата е на Џошуа Браудер, а таа на корисникот му овозможува на најдобар начин да напише жалба за својата сообраќајна казна.

За целата постапка потребни ви се неколку минути, а успехот е загарантиран. Од 250.000 луѓе кои ја користат страната, 160.000 се извлекле од плаќање на казната, вели Џошуа.

Услугата работи на начин на кој на луѓето им дозволува разговор со робот кој поставува различни прашања за да дознае каде казната е „најтенка“. Тоа вклучува прашања како: „Дали сообраќајниот знак беше доволно видлив?“ или „Дали мислите дека местото за паркинг беше премало?“

Откако ќе одговорите на прашањата, страната ќе ги искористи информациите за да состави најверојатна причина зошто нечија казна би била невалидна. Кога ќе ви напише писмо за жалба, вие само треба да го предадете на полицијата.

Услугата за прв пат е достапна во Лондон, но после тоа, постепено е воведена и во други градови. Тука можете да ја пробате.