Податоците се новото богатство

Податоците се новото богатство

Подготвил: Драгана Петрушевска

Полето на вештачката интелигенција се развива со полна пареа благодарение на големи компании како Гугл, Фејсбук и Мајкрософт, кои користат техники поврзани со вештачка интелигенција за да ги тренираат компјутерите да препознаат објекти на слики и да го разберат човечкиот јазик. Но овие компании се способни ги тренираат компјутерите да изведуваат тешки подвизи бидејќи имаат големи количини на податоци кои се потребни.


Компаниите кои сакаат да користат техники на вештачка интелигенција, како машини кои учат алгоритми за да го подобрат нивниот бизнис, ќе треба да имаат или да набават обилна количина на податоци, што ќе биде се поскапо како што се развива вештачката интелигенција.

„Податоците се новото богатство“ - вели Шивон Зилис, партнер на фирмата Блумберг Бета.

Иако компании како Гугл, Фејсбук и Амазон го отворија изворот на нивната вештачка интелигенција за да може секој програмер да има пристап кон кодот и да создаде свои апликации, тие не ја прават пристапна потребната информација. Овие компании ги пуштаат своите софтверски пакети бесплатно за да можат да привлечат повеќе инженери во нивните компании.



Кога станува збор за ривалство, податоците се тие кои се поседувани од компаниите кои се поважни отколку софтверскиот пакет кој го издаваат во јавноста. Податоците ќе станат валута. Исто така се смета дека само 20% од светската информација се наоѓа на интернет, додека 80% се чува тајно во компаниите и организациите.

Сепак денес, за разлика од '70тите и крајот на '80тите, можноста за пристап до огромна количина на компјутерска моќ која ги анализира преголемите количини на податоци, ја има моќта да ја зацврсти постоечката вештачка интелигенција и нејзините алгоритми и да води кон нови помоќни алгоритми. Поради овие технолошки достигнувања, се смета дека компаниите нема да изгубат интерес во вештачката интелигенција.