Вистината за малечкиот португалски фан кој ги освои срцата на луѓето ширум светот

Вистината за малечкиот португалски фан кој ги освои срцата на луѓето ширум светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

После изгубениот натпревар на Франција против Португалија, малиот Матис забележал како еден Французин плаче поради тоа што неговиот тим не ја освоил титулата, па му ја понудил својата прегратка како знак за утеха.

 

1


Она што е интересно е дека младиот Матис е огромен фан на Португалија, кој живее во Франција и воопшто не зборува португалски. Момчето не знаело за кој да навива бидејќи неговата мајка е Португалка, а неговиот татко Французин - избрал да навива за Португалија бидејќи тие биле аутсајдери на натпреварот и никогаш претходно не ја освоиле титулата.

Малиот Матис раскажува како го утешил францускиот поддржувач велејќи му дека Франција одиграла одличен натпревар и не заслужила да изгуби.

 

1


„Само игра е, но сфаќам како се чувствуваш“, му рекол на Французинот во видео клипот споделен стотици илјади пати низ светот.

„Не го познавав ниту пак тој ме познаваше мене, но се утешивме еден со друг“, изјави момчето за една португалска тв станица.

„Ме прегрна. Беше навистина емоционален момент. Му реков да не се грижи бидејќи Франција одигра одлична игра. Му реков одигравте одлична игра, и вие заслуживте да го добиете пекарот но нашиот Руи Патрисио не го дозволи тоа. Вие сте тие кои постојано напаѓавте, но Португалија ја открија вашата тактика“, изјави момчето.

 

3


„Мислам дека возрасните треба да го следат овој пример. Се надевам дека ќе сфатат дека е неопходно да им се даде утеха на луѓето дури и тогаш кога не ги знаеме. Мислам дека испратив одлична порака до светот и сега луѓето треба да го направат истото. Не сакам кога луѓето плачат, дури и ако не ги познавам“, додава Матис.