Конкурс за упис на Факултетот за Бизнис економија за академската 2016/2017-та година

Конкурс за упис на Факултетот за Бизнис економија за академската 2016/2017-та година

Oтворен е конкурсот за упис во академската 2016/2017-та година.



Условите за упис на Факултетот за Бизнис економија се:


1. Право на запишување на додипломски студии имаат кандидатите со завршено средно четиригодишно образование и имаат положено државна матура, училишна матура, меѓународна матура и завршен испит. Право на запишување имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование (пред учебната 2007/2008) кои не полагале државна матура. Право на запишување имаат кандидатите кои имаат завршено четиригодишно образование или образование соодветно на тоа надвор од Република Македонија, со нострифицирана  диплома во МОН.

2. На Факултетот за бизнис економија има можност за трансфер на студенти од други македонски и странски универзитети, врз основа на доставено уверение за положени испити и утврдување на соодветност на студиските програми.

Пријавата за запишување на додипломски студии можете да ја симнете на следниот линк. Конкурсот за упис може да го погледнете на следниот линк.
За повеќе информации може да се обратите телефонски на (02) 2402 160 и (02) 2402 161.