Три тајни од Линкедин за вработување во 2016

Три тајни од Линкедин за вработување во 2016

Подготвил: Драгана Петрушевска

Како да бидете продготвени за промените кои доаѓаат? Промени не само во вештините, туку и во начинот на кој работиме, барањето на работи. Иако некои работи остануваат непроменети, некои можат да ве изненадат. Еве што треба да знаете за да бидете во тек во 2016 и во следните неколку години.


1. Сега е помалку од тоа кој Вие познавате, туку кој Вие знаете знае некој

Ова значи дека многу компании чуваат место за работници од „прва класа“ со сите правилни вештини што се повеќе професионалци бараат да сменат шефови. Сепак, компаниите сакаат да вработуваат луѓе кои биле препорачани од некој на кој му веруваат. Иако не познавате некој директен во компанијата, сепак сигурно познавате некој кој познава некој. Поради зголемениот процент на менување на вработени, доаѓаме до заклучок дека многу се вработени од трет степен на поврзаност, не од луѓето со кои се поврзани директно.

2. Не е важна дипломата, туку тоа што Вие знаете сега

Најважните вештини во 2016 - хакирање и програмирање, не беа толку развиени во последните неколку години. Светот се менува пребрзо за дури и младите дипломирани да најдат работа преку својата диплома. Сепак постои и позитивна страна. Денес на голем број на професии им се заканува автоматизација. Но многу од тие исти професии кои воведуваат автоматизација, создаваат нови полиња и индустрии од ништо - како вештачка интелигенција, виртуелна реалност итн. Тешко е да се предвиди кои индустрии и работи ќе бидат опфатени со следниот бран. Сите вработени треба уште веднаш да почнат да ги развиваат овие нови вештини или да ги прилагодуваат постоечите во нова специјализација.

3. Имате повеќе моќ отколку што мислите

Се повеќе се развива моќта на компаниите со развитокот на технологиите кои прават полесно отколку никогаш да ги сменат работите. Ова е доказ дека технологијата ги охрабрува луѓето да земат подиректна контрола на нивната кариера. Традиционалната работа од 8 до 4 попладне веќе не е норма, туку е само опција. Наскоро луѓето што бараат работа ќе најдат нови начини на сигнализирање на нивниот интерес во работата. Што е најважно, работодавците ќе можат лесно да Ве најдат онлајн и да видат на кратко што нудите, и ќе им биде полесно да Ви пријдат со работно место. Покрај се, треба да исполнувате нешто што отсекогаш требало да се исполни: Барајте конекции. Продолжете со учење. Бидете флексибилни. И секогаш внимавајте на пазарот, бидејќи нови невидени можности Ве чекаат баш Вас.