Австралија бара работници

Австралија бара работници

Подготвил: Тамара Гроздановски

Министерството за имиграција и гранична заштита на Австралија објави нова листа на професии кои им се потребни за 2016/17 година, за која можете да се пријавите.

 

австралија


Листата стапила во сила на 1 јули 2016 година, а се однесува на оние кои сакаат да аплицираат за австралиска виза.

Во оваа група спаѓаат работни визи за:

- Постојан престој за квалификувани работници;
- Привремена виза - во траење од 4 години во кои работниците би работеле во одредени области, а потоа би можеле да аплицираат за постојана виза;
- Привремена виза за дипломци кои ќе живеат и работат во Австралија после завршувањето на студиите.

Меѓу професиите кои се бараат се:

- Менаџер на проект
- Индустриски инженер
- Инженер за агрокултура
- Биомедицински инженер
- Наутички архитект
- Шумар
- Ветеринар
- Наставник
- Педијатар
- Невролог
- Ревматолог
- Физиотерапевт
- Хирург
- Медицинска сестра
- Ѕидар
- Столар
- Електричар
- Социјален работник
- Психотерапевт

Линк до целосната страна