Како Фејсбук да престане да ви испраќа предлози за пријателства?

Како Фејсбук да престане да ви испраќа предлози за пријателства?

Подготвил: Тамара Гроздановски

fb 

 

Фејсбук е платформа на која се поврзуваме и комуницираме со нашите познаници, пријатели и семејство. Со оглед на тоа што сите имаат пријатели кои не ги виделе подолго време и немаат контакт, Фејсбук нуди опција „Suggested Friends“ која работи на систем на поврзување на вашите пријатели на Фејсбук и познаниците, со што ви стигнуваат предлози за луѓе за кои постои голема можност да ги знаете и да сакате да станете пријател на оваа мрежа.


Меѓутоа, во последно време оваа функција започна да дава препораки за личности со кои немате никаква врска. Ако се прашувате зошто е тоа така, одговорот е во тоа што социјалните мрежи ја користат локацијата на телефонот и со нејзина помош предлагаат пријатели кои се наоѓаат во истата област.

Ова обично се случува кога двајца корисници на Фејсбук се наоѓаат на исто место и во исто време и ја користат опцијата check-in.

Опцијата за некои корисници е наметлива, па затоа имате можност и да ја исклучите. Се' што треба да направите е да забраните пристап до локацијата на вашиот паметен телефон.

За Android: Settings> Applications> Facebook> Location Services>
Turn off

За iОS: Settings> Privacy> Location Services> Facebook и изберете Allow location access - Never