Македонци по светските мориња и океани... Работа на брод - работа од соништата

Македонци по светските мориња и океани... Работа на брод - работа од соништата

Во летниот период многу македонски туристи можат да се сретнат како гости на големите бродови за крстарење.



Додека туристите сонуваат за крстарење, младите од Македонија чекаат прилика да добијат работа на брод, преку која ќе имаат можност бесплатно да го видат и пропатуваат светот. Во коментарите често ќе прочитаме дека нас македонците не има насекаде низ светот.

Вистина е дека Македонците стануваат светски патници и дека скоро и да нема точка на земјината топка каде што нема да сретнете некој од нашава држава.

За да бидеме уште поприсутни по светските мориња и океани , се погрижија бродските компании кои интензивно вработуваат млади кадри од Македонија.

Една од тие бродски компании за крстарење (со супер луксузни бродови) е и италијанската компанија MSC Cruises.

Оваа компанија повеќе од 2 години организира балкански интервјуа за вработување во Скопје.

Од 25-30 Јули , менаџерите на MSC Cruises ќе имаат лични интервјуа со сите оние кои ќе искажат желба , спремност и пред се мотив з аградење на успешна кариера за оваа компанија, Како и за сите останати Cruises компании, и овие вработувања за MSC Cruises ќе се реалзиираат преку најголемата Балканска агенција за вработување (македонскиот супер бренд) Коузон.

Во Коузон спремно ги очекуваат заинтересираните апликанти со тоа што доволно е да се испрати само едно CV на англиски јазик на info@kouzon.com.mk

За предстојното интервју за MSC Cruises, можат да аплицираат лица кои имаат работно искуство од работа во ресторани, барови, хотели како и работно искуство во други области од услужната дејност Платите за овие работни позиции се движат од 850-2300 USD