Остри реакции за битолската зоолошка градина од меѓународна организација за заштита на животните

Остри реакции за битолската зоолошка градина од меѓународна организација за заштита на животните

Подготвил: Тамара Гроздановски

Интернационалната организација за заштита на животнита „OIPA“ од македонската влада бара да се затвори зоолошката градина во Битола.

 

1

3

3


Од организацијата обвинуваат дека животните живеат во несоодветни услови, и се хранети со мртви кучиња скитници - како прилог на овие тврдења тие објавија фотографии и видео, а имаат и сведоштва од посетители кои се згрозиле од условите во кои живеат животните.

 


„Животните во зоолошката градина во Битола се чуваат во бетонски кафези без никаква грижа за нивните потреби. Бараме од македонската влада да се затвори зоолошката, а животните да се преместат во соодветни живеалишта и да се преземат строги мерки против одговорните лица. Чувањето на овие животни во мали бетонски кафези е сурова злоупотреба“, стои во писмото на „OIPA“.

Зоолошката градина во Битола пак, категорично ги демантира ваквите обвинувања. Тие велат дека ниту една организација не дошла да ја посети градината ниту пак побарала информација од нив. Тие истакнуваат дека пред неколку години реновирани се живеалиштата на лавот, тигарот, мајмуните, мечката и уште неколку други, а исхраната е по утврдени стандарди и е контролирана од надлежните институции.

 

Директорот на зоолошката градина, Ѓоко Дамевски вели дека фотографиите на организацијата се монтирани, иако не знае кои се нивните намери. Сепак, како што вели тој, Зоолошката градина во Битола се развива чекор по чекор и е на вистински пат, а тоа го докажува и посетеноста која е доста зголемена.

 

1

2


Иако реновирана, дел од животните се'уште живеат во стари и несоодветни кафези, меѓутоа од Зоолошката тврдат дека и понатаму работат на подобрување на условите и збогатување на видот на животните.