Колку сте навистина паметни?

Колку сте навистина паметни?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Обично се обидуваме да измериме колку сме паметни преку правејќи тест за интелигенција. Сепак новите скенирачки техники на мозокот, ги натераа научниците да ја дефинираат и мерат човечката интелигенција.


Целта на истражувањето е да се открие како интелектот делува во човечкиот мозок и притоа да се дознае како вештачката интелигенција ќе делува во иднината.

Истражувачите заклучно дознале дека луѓето со висока интелигенција и креативност почесто ги менуваат невронските конекции со други делови на мозокот во времетраење од минути или секунди, исто така и почесто овие делови се поврзуваат меѓусебно.

Откривањето на овие динамични функции во мозокот може да биде искористен во градење на вештачки мрежи кои го имитираат мозокот, со способноста за учење и адаптирање. Не само што се користи резултатот за развиток на технологијата, туку е и важен за разбирање на менталното здравје.

Во текот на истражувањето учествувале и луѓе кои имаат шизофренија, аутизам или хиперактивно пореметување. Отворена е можноста за добивање доволни информации за решавање на развитокот на вештачката интелигенција, како и да се разбере и дијагностицира човековите ментални пореметувања како шизофренија и депресија.