Разбудете се, Покемоните одамна се со нас!

Разбудете се, Покемоните одамна се со нас!

Подготвил: Драгана Петрушевска

За многу родители, попаметно би било да излезат надвор и да свртат неколку кругови со своите родени Покемони, од крв и месо, да ги бркаат, да ги стигнат, да ги прегрнат и да ги бакнат.


Јас имам свои лични Покемони по кои трчам по цел ден, секој ден. Не сум ги инсталирала како апликација туку како скапоцен камен на срцето кое чука само за нив. Ако ми се трча, можам да трчам по нив, по улици, дома, во парк, каде било...

За многу родители, попаметно би било да излезат надвор и да свртат неколку кругови со своите родени Покемони, од крв и месо, да ги бркаат, да ги стигнат, да ги прегрнат и да ги бакнат. Со нив заедно да се испотат, да изгладнат, да се извалкаат, да се караат или да се забавуваат. Што било.

Оние кои немаат деца, сигурно имаат пријатели, роднини, соседи, колеги, било кој со кого делат секојдневие, и со кого може да споделат прошетка, трка или забавна потрага.

Разбудете се, Покемоните одамна се со нас!

Автор: Јелена Ковинчиќ
Извор: Мамино благо