Тага, хорор и радост - светот низ фотоапаратот на еден фотограф

Тага, хорор и радост - светот низ фотоапаратот на еден фотограф

Подготвил: Тамара Гроздановски

Фотографот на „National Geographic“, Брент Стиртон разговара за трпението и за тоа што ја прави една фотографија моќна.

 

fotograf


Која беше првата фотографија која ти ја направи, а ти беше многу важна?

Првата фотографија која за мене имаше посебно значење ја направив во 1994 година за време на првите демократски избори во Јужна Африка. Во тоа време бев фотограф околу 6 месеци. Се сеќавам дека имаше толпа народ која беше доста вознемирена - едно полициско куче касна еден од луѓето во толпата, па така тие реагираа. Се сеќавам дека помислив колку моќно може да биде единството и колку е смешно што мал број на луѓе го држеле колективниот бес толку долго време. Не е најдобрата фотографија, но имаше емоции, и за прв пат можев да почувствувам таков потенцијал на фотографија.

Ако не беше фотограф, што би бил?

Ако не бев фотограф, веројатно би бил професионален војник, воено медицинско лице на највисоко можно ниво.

Кој најмногу влијае врз тебе и твојата работа?

Најголемото влијание за мене е стравот од неуспех, но кога станува збор за фотографи тоа се Џејмс Нахтвеј, Себастиао Салгадо и Ник Николс. Денес тоа се Јури Козирев, Алекс Мајоли, Пол Никлен, Хелмут Њутон - листата не запира тука.

Што ја подгорува твојата страст кон фотографијата?

Фактот што постојано среќавам подбри луѓе од себеси и на овие луѓе неизбежно им е потребна помош. Често пати сум во позиција да ја истакнам таа потреба - доколку не го направам тоа би било кукавички. Мислам дека оваа работа има моменти во кои се тестира вашиот карактер. Претпоставувам дека чувството на само-почит значи дека секогаш се обидуваш да го изведеш правилниот потег. Не секогаш успевам.

Што за тебе претставува совршена фотографија?

За мене совршената фотографија е нешто што го надминува своето време. Навистина извонредните слики се дел од свеста на нашата цивилизација. Тоа е фотографија која не' потсетува што значи да се биде човек и сите врски кои произлегуваат од ова значење. Лично, знам дека сум во ситуација кога е можно да направам добра фотографија тогаш кога сум нервозен. Причината за тоа е бидејќи станува збор за момент на одговорност - морам да бидам доволно добар за да го забележам кога ќе помине покрај мене. Ако трепнам, ќе го пропуштам и секогаш ќе се сеќавам на овој момент со горчлив вкус во устата.

Што е твоето најважно нешто со кое работиш?


Тоа се мојот метар за светлина и мојата камера. Ништо не се случува без овие две работи.

Кој е најважниот совет што можеш да им го дадеш на надежните фотографи?


Пронајдете го она што го сакате и имајте верба во него, бидејќи ќе поминете доста време трошејќи доста време на него, а не секогаш ќе ви ја возврати љубовта. Имајте огромна страст - тоа за мене е најголемиот луксуз кој може да се замисли во оваа професија.

 


ТУКА можете да погледнете дел од фотографиите на Брент Стиртон.