Пракса за студенти по новинарство и млади новинари
Фондацијата за медиумски развој и MYMEDIA ги повикуваат новинарите да се пријават за учество на нивната програма за размена.
Програмата им дава шанса на младите новинари и студентите по новинарство да ги подобрат своите новинарски вештини и да добијат професионално искуство. Се нуди платена пракса за време на програмата која трае од 2 недели до 2 месеци.
Може да се пријавуваат студенти по новинарство и млади новинари со најмногу 5 години искуство кои зборуваат англиски, руски или украински јазик. Практикантите добиваат плата од 600 евра месечно за праксата. Праксата е во Украина.
Пријавувањето трае до 20 август.
Официјален повик.