Училишта во Стокхолм без училници

Училишта во Стокхолм без училници

Подготвил: Драгана Петрушевска

Шведската слободна школска организација Витра ги објаснува своите училишта како места каде се запознаваат постои позитивна и отворена атмосфера. Родителите забележале како нивните деца се менуваат од гледање училишта како интересни места за учење.


Дизајнерката Росан Бош, врз основа на перцепцијата на нејзините деца на тоа што е интересно, дизајнирала нов вид на училници. Таа и нејзиниот тим работеле со ученици и наставници за да истражат како педагогијата, школската организација и дизајнот на околината можат да бидат поврзани.

Често опишано како училиште без ѕидови, дизајнот на Телефонплан дозволува на учениците да бидат учени во групи прилагодени на нивните уникатни потреби и нивоа на постигнувања.

Биле создадени 5 елементи: врв на планина - се користи за разговори, предавања и говори; пештера - поддржува концентрација и индивидуално учење; пламен - тоа е за дијалог, често во помали групи, бидејќи може да настане бучава; водата - место каде луѓето често се сретнуваат со високи нивоа на движења и сметања. Петтиот принцип е „раце“, каде децата може да го користат цело тело за да научат нешто, како дисекција на риба, користење движења за учење или танцување.


Шансите за флексибилност се зголемуваат не само со инсталирање на ѕидови кои се преклопуваат туку и околината прави луѓето сами да си направат флексибилност. Не е се во дизајнот - тоа не е фиксна идеја - и тоа е најголемиот проблем.

Целите секогаш се менуваат. Околностите се менуваат, луѓето се менуваат. Доколку видите училиште кое било изградено пред сто години, ќе видите дека ништо не е променето. Тоа е погрешното што ги едуцира децата во пасивни роботи. Тоа е антитеза на иновацијата. Кога луѓето ќе почнат да ја гледаат околината како нивна играчка и дека може да експериментираат со неа, тогаш тоа станува креативна околина бидејќи луѓето не се плашат да пробаат интересни работи.