Зошто iPhone ви дозволува да го притаете алармот само за 9 минути?

Зошто iPhone ви дозволува да го притаете алармот само за 9 минути?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Уште само пет минути сон ни треба секое утро кога алармот ќе се вклучи - но ајфоните дозволуваат да го притаете алармот само девет минути. Но зошто девет?


Одговорот нема врска ни со нашиот спиечки круг. Причината за ова е дека Епл и оддава почит на историјата на часовниците. Старите часовници имале навртки кои биле многу тешки за одложување за (точно) 10 минути. Па затоа целеле кон помалку од десет минути, односно девет.

Тоа било се до 1950тите. Потоа кога се појавиле дигиталните часовници било полесно да се кодира одложување од девет минути. Се што требале да направат е да се земе последната бројка од алармот (на пример, 5), да се одземе еден (ќе стане 4) и потоа да се постави нов аларм кој ќе ѕвони следниот пат кога таа бројка ќе биде последна. Така би било, 6:45 па 6:54 и така натаму. Епл ја продолжува традицијата.

Но има и уште една теорија. Се смета дека измислувањето на хибрид-електронските часовници со лизгачки екран е причината за девет минутното придушување.

Конечно, можеби и Епл смета дека девет минути е оптималното време да соберете свест и да станете од кревет.