Таи чи чуан - Лесни вежби за физичко и ментално здравје

Таи чи чуан - Лесни вежби за физичко и ментално здравје

Таи чи чуан е кинеска дисциплина која помалку или повеќе се разликува од останатите боречки вештини. Првично, вежбите биле осмислени за самоодбрана и ако се тренираат правилно претставуваат едни од најдобрите и најефикасни одбранбени зафати. Формирани се долги години, со векови и затоа има повеќе верзии и стилови. Инспирирани од движењата на некои животни, вклучително и во напад и во одбрана (како тигар, мајмун, див коњ итн) чекорите сами по себе, претставуваат една од поголемите креации на човечкиот ум, како во самоодбрана така и во терапевтска функција.


Вежбајќи низ вековите во градовите и манастирите (меѓудрото и во познатиот ШаоЛин), мајсторите го приметиле терапевтското дејство. Се развиваат различни стиолови, во кои имаме движења кои се максимално брзи и импулсивни како и стилови во кои сите движења се спори и лесни, а кружни и непрекинати. Животната енергија (Чи) која исто така е основен принцип на акупунктурната медицина, се раздвижува следејќи ја фокусираноста на вежбачот. Вежбачот треба да се сконцентрира на изведбата на секое движење (едно по едно) а енергијата ќе ја следи мислата. Со тоа се раздвижува телото, се смирува духот а енергијата се испраќа во оној дел од телото каде има потреба. Со помош на длабоко абдоменално дишење, евентуалната болка во било кој дел од телото поминува.





Големите мајстори во длабока медитативна состојба се способни дури и за еманација на Чи (дејство на далечина).

Дишењето е суштинскиот процес при вежбањето. За разлика од борбите, каде дишењето ги следи чекорите и забрзано се труди да постигне консумпција на кислород која на телото му е потребно, кај Таи Чи Чуан нема брзање.





Дишењето е првенствено, а вежбите го следат полнењето и празнењето на белите дробови. Значи, прво се вдишува па се изведува чекор, се издишува правејќи го следниот. Концентрацијата е потребна, пред се да се усогласат движењата со дишењето а потоа следат интересни медитавни процеси. Почнува чувствување на енергијата (Чи).

Таи чи чуан многу позитивно влијае на нервниот систем. Една од интересните теми со кои се бави оваа дисциплина е замислување на имагинарен противник. При самото замислување (пробајте дома самите) телото инстиктивно се згрчува. Задачата при Таи Чи Чуан е замислувајќи го противникот, вежбата да се изведе опуштено. Секако дека не е лесно, но со практикување се постигнува.

Покрај мускулната маса која се држи во кондиција со самото изведување на вежбите, мисловната енергија која се употребува го одржува духот, а сето тоа исклучително позитивно влијае на нервниот систем. Запомнете: Енергијата ја следи мислата!


Во Македонија постојат неколку здруженија за практикување на кинески вештини. Здружението Јин-Јанг од Скопје, вежбите ги изведува во нас. Аеродром. Во летните месеци, вежбите се изведуваат на отворено во паркчето позади Мајчин Дом а преку зима во ОУ Ѓорѓија Пулески. Брои преку 20 членови од разни делови на Скопје, а здружението е отворено за сите заинтересирани љубители на оваа вештина да ги посетуваат вежбите.