Кои професии се најлоши за вашето здравје?

Кои професии се најлоши за вашето здравје?

Подготвил: Тамара Гроздановски

здравје

 

Повеќе од четвртина од работниците во големите трговски синџири велат дека нивната работа негативно влијае врз здравјето, вели истражувањето направено од Школата за јавно здравство од Универзитетот во Харвард.


Истражувањето спроведено во еден вид на анкета било предводено од страна на Роберт Блендон на 1.600 Американци, а прашањата се фокусирале на работата, здравјето, стресот и нивната поврзаност.

„Вкупно 43% од вработените велат дека работата негативно влијае врз нивото на стресот. Помал процент од испитаниците изјавиле дека работата лошо влијае врз навиките за јадење (28%), циклусот на спиење (27%) и тежината (22%).

Исто така постои разлика помеѓу професиите, па дури 26% од вработените во големите продавници изјавиле дека работата негативно влијае врз нивното здравје. Тешките работни места како оние во градежништвото лошо влијаат кај 23% од испитаниците, додека работата во фабриките лошо влијае врз здравјето на 21% од испитаниците. Интересно е тоа што 19% од вработените во здравство сметаат дека работата лошо влијае врз нивното здравје.

Испитаниците можеле да бираат која категорија најдобро го опишува нивното работно место па можно е вработените од иста компанија да избрале „голема трговија“ или „трговија“ со оглед на тоа што на англиски јазик мала е разликата меѓу „retail outlet“ и „store“.

Секој кој бил во продавница додека имало голема гужва, знае зошто работата на овие луѓе негативно им влијае врз здравјето. И за работата во градежништвото или во фабриките е јасно зошто негативно влијае врз здравјето, но интересни се и проблемите со кои се соочуваат луѓето на високи позиции.

Речиси половина од добро платените канцелариски работници велат дека едноставно не можат да престанат да работат. Дури 43% од добро платените работници велат дека често или барем повремено работат во текот на годишниот одмор. 48% од испитаниците изјавиле дека не ги искористиле слободните денови во текот на минатата година. Имајќи ја во предвид предноста од заминувањето на одмор, од пониско ниво на стрес па се' до движење или едноставен одмор, веројатно и тоа влијае врз здравјето на работниците.