Министер за наука и` одговори на осум годишно девојче кое сака да стане астронаут

Министер за наука и` одговори на осум годишно девојче кое сака да стане астронаут

Подготвил: Драгана Петрушевска

Кога слушнала дека Канадската вселенска агенција бара нови астронаути, осумгодишната Сахана Катри помислила дека таа би можела да биде тоа што тие го бараат.


Девојчето од Квебек поминала малку повеќе од недела работејќи на нејзината апликација пред да ја претстави на локалните репрезентативци. Таа ги спомнала своите математички и научни вештини, љубопитноста за природата и нејзината роденденска прослава која била декорирана во вселенскиот дух.

„Веќе долго време сакав да бидам астронаут. Сметам дека Канадската вселенска агенција треба мене да ме избере, за кога ќе бидам доволно возрасна, да можам да одам во вселената.“

Вселенската агенција имала добиено преку 3.300 апликации за две можни нови места во нивната програма, но Катри се истакнала доволно за да си добие личен одговор од министерот.

„Бев многу инспириран да видам млада дама како вас да сака да биде астронаут. Како што знаете, вие сте премлада сега, но вашата иднина изгледа светла.“

Нејзината мајка Џазмин Шарма вели дека на нејзината ќерка и требале седум до десет дена да го напише писмото со мала родителска помош. Шарма вели дека таа била навистина пријатно изненадена бидејќи министерот Бејнс одвоил време за лично да и одговори на нејзината ќерка. Тоа ќе биде голема мотивација за неа.

Канадската вселенска агенција прима апликации на нивната веб страница за идните астронаути се до 15ти август. Кандидатите мора да имаат академско образование во науката и технологијата, одлично здравје и голема палета на воодушевувачки квалитети и вештини, како што велат од агенцијата. Тие исто така треба да се соочат со тешка конкуренција, бидејќи Катри не се откажува од својот сон.

 „Ќе се обидам повторно кога ќе бидам постара.“ вели таа.

Нејзината цел е да посети друга планета.