Неделна временска прогноза

Неделна временска прогноза



Денес е понеделник, 25 јули 2016 година, 207-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:16, а ќе зајде во 20:02 часот. Денот ќе трае 14 часа и 45 минути.

Сончево и топло утро имаме денеска во Македонија, само во крајните југоисточни предели има појава на сосема слаба локална облачност.

Во Македонија во утринските и претпладневните часови претежно сончево со појава на локална облачност. Попладне продор на влажна и нестабилна воздушна маса која во попладневните и во вечерните часови ќе врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 14 до 24 степени, а пак максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 36 степени.

Во Скопје претпладне претежно сончево и топло, попладне наоблачување кое во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна до 34 степени.

Во вторник умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и пад на температурите кои се движат во интервал од 21 до 32 степени. Во среда претежно сончево со појава на локална облачност, во попладневните и вечерните часови во крајните западни предели со услови за локални врнежи од дожд. Температурите од 24 до 35 степени. Во четврток претежно сончево со локална облачност и дневни температури кои ќе достигнат до 25 односно до 36 степени.

Weather4all.com.mk