Оглас за вработување во ЕЛЕМ ТУРС
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи (Службен весник бр. бр. 1 67/201 5, 27/2016) и член 5, 6, 7, 8 и 9 од Колективниот договор на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт, ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, a во врска со Одлуката за потреба од засновање на работен однос бр. 04483/1 од 22. 07. 2016 година
ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ СКОПЈЕ
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
За потреба од засновање на работен однос во Дирекција на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следното работно место:
- 1 (еден) извршител на работно место „Референт за продажба на туристички производи, во Дирекција на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, во Служба за развој и инвестиции.
Кандидатите покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
IV степенсредно училиште, 1 година работно искуство,
Паричниот износ на основната плата е 18. 700, 00 денари.
Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на огласувањето.
Со пријавата, кандидатите да достават:
- Доказ за завршено образование (оригинал или колија заверена на нотар);
- Доказ за работно искуство (листа од ПИОМ);
- Уверение за државјанство (копија);
- Кратка биографија;
- Контакт телефон.
Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување.
Пријавата со потребните документи, од која се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса:
ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје. Дирекција ул. 11 Октомври. бр. 9, Скопје (со ознака „за јавен оглас,)