Повик за учество на работилница во Барселона

Повик за учество на работилница во Барселона


AQR-IREA објавува повик за учесници на работилница за регионална и урбана економија во Барселона. Работилницата ќе се одржи на 27 и 28 октомври годинава и ќе се фокусира на иновацијата и распределувањето на знаењето со акцент на мрежите за соработка.

Целта е да се соберат истражувачи во областа на урбаната и регионалната економија, кои ќе испратат трудови. Може да се пријават сите истражувачи кои имаат труд во областа. Патувањето и сместувањето ќе бидат покриени од страна на организаторите.

Рокот за пријавување трае до 9 септември.

Официјален повик.