Вработување во НБРМ, отворени се 4 (четири) работни места
Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, a во согласност со членовите 14
став 1, 22 став 1 точка 1, 23 став 1 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7, 23 став 1 и 30 од
Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република
Македонија распишува
O Г Л A C
за вработување 4
извршители во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време
1 .Еден извршител на работно место помлад аналитичар I степен во Отсекот за движења во реалниот сектор во
Дирекцијата за монетарна политика и истражување; еден извршител на работно место помлад аналитичар во
Отсекот економско моделирање во Дирекцијатаза монетарна политика и истражување, еден извршител на работно
место помлад статистичар во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за
статистика и еден извршител на работно место помлад статистичар во Отсекот за прибирање податоци за екстерни
статистики во Дирекцијата за статистика.
2. Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, покрај општите законски услови
за засновање на работен однос, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
-За работно место „помлад аналитичар I степен" во Отсекот за движења во реалниот сектор во Дирекцијата за
монетарна политика и истражување да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки,
најмалку 1 година работен стаж стекнат по завршување високо образование од областа на економските науки,
познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите да бидат тестирани за нивните познавања од областа на работењето на Народната банка.
-За работно место „помлад аналитичар" во Отсекот економско моделирање во Дирекцијата за монетарна политика
и истражување да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки, со или без работен стаж,
познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите да бидат тестирани за нивните познавања од областа на работењето на Народната банка.
-За работно место „помлад статистичар" во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во
Дирекцијата за статистика да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки, со или без
работен стаж, познавање на англиски јазик. работа со компјутер и познавања од областа на работењето на
Народната банка.
Кандидатите да бидат тестирани за нивните познавања од областа на работењето на Народната банка.
-За работно место „помлад статистичар" во Отсекот за прибирање податоци екстерни статистики во Дирекцијата
за статистика да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки, со или без работен стаж,
познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите да бидат тестирани за нивните познавања од областа на работењето на Народната банка.
3 .Кандидатите од точка 1 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено
високо образование, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање работа со компјутери, доказ за
работен стаж (доколку го имаат) од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.
4. Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8, 00 и 9, 00 часот, a завршува помеѓу 16, 00 и 17, 00
часот.
5. Со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работното место помлад аналитичар I степен во Отсекот за
движења во реалниот сектор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување ќе се склучи договор за
вработување на неопределено време, со вршење на пробна работа во времетраење од 1 месец.
Висината на основната (нето) плата на работникот ќе изнесува 20. 547, 00 денари.
6. Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места: помлад аналитичар во Отсекот економско
моделирање во Дирекцијата за монетарна политика и истражување, помлад статистичар во Отсекот за изготвување
и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика и помлад статистичар во Отсекот за прибирање
податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика, a кој имаат работен стаж ќе се склучи договор за
вработување на неопределено време, со вршење на пробна работа во времетраење од 1 месец.
Висината на основната (нето) плата на работниците за работните места од точка 6 ќе изнесува 19. 61 3, 00 денари.
7. Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на
објавувањето на огласот.
б. Изборот на работникот кој ќе заснова работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по
истекот на рокот за пријавување.
9. Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.
10. Пријавата е
објавена на интернет страната на Народната банка на Република Македонија.
Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија,
Бул. „Кузман Јосифовски Питу" бр. 1
-
Скопје.