Времето во Македонија во наредните 5 (пет) дена

Времето во Македонија во наредните 5 (пет) дена



Денес е вторник, 26 јули 2016 година, 208-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:17, а ќе зајде во 20:01 часот.Денот ќе трае 14 часа и 43 минути.

Врнежите од дожд кои што ги имавме во текот на ноќта во утринските часови продолжуваат во источните и југоисточните предели. Oблачно време во централните предели и источната половина од Македонија, додека пак во западните предели имаме умерено облачно време со сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо време со пад на максималните температири. Фокус и поинтензивни врнежи се очекуваат во северозападните, западните и југозападните предели каде локално ќе наврнат и до 20 литри дожд. Не е исклучена можноста во североисточните предели воопшто и да нема врнежи. Утринските температури од 12 до 23 степени, додека пак максималните ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 21 до 32 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно со услови за сончеви периоди претпладне, а во попладневните часови умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна до 29 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда претежно сончево со локална облачност и потопло со температури од 25 до 36 степени. Попладне во крајните западни и северозападни предели со услови за слаб дожд. Во четврток претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во северозападените и западните предели со услови за слаб дожд. Максималните температури од 27 до 37 степени. Идентични временски услови и температури ќе имаме и во петок во Македонија. Во сабота стабилно и топло време, ќе биде претежно сончево и топло со дневни температури кои ќе се движат во интервал од 28 до 38 степени.