Како да го задржите вниманието на учениците?

Како да го задржите вниманието на учениците?

Подготвил: Драгана Петрушевска

За време на еден училишен час, колку е поголемо вниманието од страна на учениците, толку повеќе се учи. Но, постојат многу работи кои им го одвлекуваат вниманието на учениците за време на еден час. Џон Медина, автор на „Brain rules“ вели дека вниманието е под влијание на комбинација од меморија, интерес и свест. Нашите претходни искуства влијаат на вниманието. Конечно, учениците денес се фокусираат на многу други работи (како телефоните) за да обрнат внимание на наставникот, односно професорот. Медина нуди неколку критични компоненти за привлекување на вниманието на учениците.


Размислете за емоциите

Емоциите го бојат секое искуство во различна боја и ни помагаат да ги запомниме и забележиме информациите кои ни се нудат. Учителите треба да го споделуваат ентузијазмот за предметот со учениците. Размислете што беше причината за да се вљубите во предметот?

Потоа, раскажувајте приказни. Доколку немате свои, најдете некои на интернет. Привлечете ги учениците емотивно во вашиот предмет.

Зошто?

Даниел Пинк, експерт за мотивација и автор на „Drive“ вели дека зборот „зошто“ е најмалку користен во модерното работно место. Според Медина, го добиваме вниманието на нашите ученици прашувајќи ги. Започнете со одговарање на реченици како „Зошто го предавам овој предмет?“ и „Зошто учениците мора да го учат предметот?“ Со секоја претставена идеја, имајте прашања за истата и анализирајте ја.

Создадете зона без уреди

Науката потврдува дека нашите мозоци не може да работат повеќе работи истовремено. Секогаш кога менуваме активност, мора да го започнеме патот кон таа активност во мозокот. За да го задржите вниманието на учениците, создадете училница без технолошки уреди, но сторете го тоа како наставник, не како тиранин.

За почеток, споделете ги фактите за користење уреди во училница, зборувајте им за зависноста од екрани и покажете им ја вредноста на фокусирањето на предметот наместо на уредите.

Дадете им време

Медина објаснува дека на мозокот му е потребно време за да процесира една идеја пред да премине на друга. Наставниците треба да ги поедностават работите. Учениците ќе научат повеќе кога предавате помалку.

Медина советува делење на часовите на делови од 10 минути во кои на почеток ќе ги привлечете на емоционално ниво и потоа ќе продолжите да предавате за основата на тој час, без да навлегувате во премногу детали и да ризикувате да го изгубите нивното внимание.