Оглас за вработување во Охридска банка

Оглас за вработување во Охридска банка

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка – групација Сосиете женерал, во референтна банка во односите со клиентите. 

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. 

Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа, значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. Градењето на тимскиот дух значи возбуда и задоволство од меѓусебната поддршка и размена на знаење. 

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати. 

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата: 

РЕФЕРЕНТ ЗА МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИИ
Локација: Скопје

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Подготовка, спроведување, следење на промоции, комуникации и активности за корпоративна општествена одговорност;
Координација при изборот и комуникација со медиумите и промотивните алатки;
Организирање институционални промотивни активности и медиумски настани;
Креирање рекламни пораки, текстови, објави, реклами и подготовка на нивни содржини;
Поддршка во подготовката на стратешки маркетиншки проекти и координација меѓу внатрешните и надворешните соработници при нивната реализација;
Организација на прес-конференции и институционални настани;
Поддршка на комуникациските активности за време на промотивни кампањи;
Следење на предлозите за кампањи, давање предлози за измени и подобрување пред нивната реализација;
Анализа на креативните решенија, предложување измени и подобрување на предлозите;
Анализа на резултатите од маркетинг кампањите;
Следење на процесот на дистрибуција на маркетиншките материјали и предлагање измени;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Високо образование од областа на маркетинг, комуникации или бизнис;
Најмалку 3 години претходно работно искуство во следниве области: медиуми, социјални медиуми, маркетинг комуникации (интерни и екстерни) или односи со јавност, предност е искуство во областа на закуп на медиумски простор;
Искуство во медиумско покривање на локално и национално ниво, успешно анимирање на публиката од социјалните медиуми и останата онлајн-публика ќе се смета за предност;
Искуство во следење на буџети;
Одлично познавање на англиски јазик;
Напредни познавања на Adobe и MS Office;
Предност е познавање на In Design, Photoshop, Illustrator, Dreamweaver, Bridge, Acrobat Pro, XHTML и CSS.

ОСТАНАТИ ВЕШТИНИ И ПОЗНАВАЊА:
Одлични комуникациски вештини – пишување, уредување текст, вербална комуникација;
Познавања од областа на брендирање, позиционирање и составување пораки наменети за целна публика;
Искуство со традиционалните медиуми: радио, ТВ, надворешно и веб-рекламирање;
Разбирање и експериментирање со модерните канали на комуникација: блогови, Линкт-ин, Фејсбук, Твитер, Ју-тјуб итн.;
Исклучителни интерперсонални вештини и вештини за работа во тим;
Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови;
Искуство со проектен менаџмент;

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат професионална биографија (CV) најдоцна до 07.08.2016 год. на адреса: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „За оглас: Референт за маркетинг и комуникации“.

Со испраќањето на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервј